Skip to main content

Германистите за прв пат на средба во Охрид

Германистите од Филолошкиот факултет во Скопје, на конференција посветена на јазикот, литературата и културата.

seminar
семинар
Германистите од Филолошкиот факултет во Скопје, на конференција посветена на јазикот, литературата и културата.

seminarТрета годишна конференција на здружението на Германисти на Југоисточна Европа. Овој вид на семинар за прв се одржува во Македонија. Претходно истата е одржана во Сараево и Задар. Станува збор за проект кој е финансиран од средствата на пактот за стабилизација и асоцијација заради поддршка на универзитетите во овој регион. Присутни се 60 тина учесници, претставници од 17 универзитети од Југоисточна Европа, вклучително и Австрија и Германија. Темата на конференцијата која е посветена на Германистите е „Номен ест омен“ или име и идентитет по јазикот, литературата и културата. „Очекуваме плодни дискусии во текот на овие два дена, а еден интегрален дел кон ова ќе биде и тематизирање на профилот германист, креирање на гермнистички оддели, како и зацврстување на веќе постоечките односи помеѓу факултетите од овој регион“, вели Проф. Д-р Зорица Николовска, претседател на организационен одбор на конференцијата.

„Овој вид на средби, во голема мерка придонесуваат во  интегрирање на Македонија кон земјите од Европа. 60 годишната традиција на катедрата за германистика дава можност за афирмација пред колегите од другите земји. Луѓето претсавници од истата бранша, иста професија, меѓутоа од различни земји, наоѓаат заедничка тема на разговор“, вели Максим Каранфиловски, декан на Филолошкиот факултет во Скопје.

Организатор на конференцијата за германски јазик, литература и култура е катедрата за германски јазик и книжевност при филолошкиот факултет во Скопје. „Прекрасниот амбиент на градот Охрид нуди исклучително доживување, а воедно и прекрасна соработка помеѓу присутните“, велат организаторите.

{loadposition content9}