Skip to main content

„Рибари“ ќе го чествуваат 7ми ноември

По повод денот на ослободувањето на Охрид, невладината организација „Рибари“ најавува одржување на музички хепенинг и свечено дефиле.

Ratajkoski Zdravko
Ратајкоски Здравко
По повод денот на ослободувањето на Охрид, невладината организација „Рибари“ најавува одржување на музички хепенинг и свечено дефиле.

RibariНаближува 7ми ноември, денот на ослободувањето на Охрид. Тоа само по себе носи одредени подготовки за неговото празнување. Свој придонес во одбележувањето на овој за Охрид значаен ден, ќе даде и новоформираната Невладина организација „Рибари“, која по тој повод најавува бројни активности. „Музички хепенинг и свечено дефиле на културно уметнички друштва од градов и Струга ќе бидат дел од манифестацијата која следи. Се надеваме дека во иднина оваа манифестација ќе прерасне во традиција, која ќе зема се поголем замав“, вели Ратајкоски Здравко, претседател на оваа невладина организација.

Во договор со црковниот одбор на црквата „Свети Димитрија“ и на 8ми ноември ќе се одржи богата културно уметничка програма. Свое присуство во одбележувањето на празникот потврдија и претставници од амбасадите во Македонија. „Признание за поддршката на нашата земја за зачленување во Евроатланските интеграции, ќе му биде доделена на амбасадорот на руската федерација  во Македонија г-динот Агарон Асатур“, велат организаторите на манифестацијата.   
Во знак на сеќавање на 7. Ноември 1944 година кога Охрид беше ослободен од бугарскиот фашистички окупатор, овој ден се одбележува како Ден на ослободувањето на Охрид. Своевремено,  неговото одбележување  имаше содржина на централен настан и со него беа резимирани успесите во развојот на општината од година во година. Овој ден е повод и за оддавање почит кон жртвите кои паднаа во борбите за ослободување на Охрид. Целокупната манифестација предвидена од страна на невладината организација „Рибари“ ќе се реализира во соработка со локалната од Охрид.

{loadposition content9}