Skip to main content

Притисок кон централната власт

Регионална депонија спас за општините Охрид и Струга. За таа цел се врши голем притисок кон централната власт.

 |  Николовска Биљана  | 
Saso Alce
Сашо Алче
Регионална депонија спас за општините Охрид и Струга. За таа цел се врши голем притисок кон централната власт.

deponijaТука се локациите и инвеститорите, велат одговорните од двете општини. Додека сите чекаат зелено светло, од Министерството за животна средина се тактизира.

Регионална депонија е повеќе од потреба. Општините Охрид и Струга сериозно ги имаат засукано ракавите и одамна го иницираат проблемот околу депонирањето на сметот. Тие во моментов немаат адекватен простор. Познато е дека Охрид, сметот го депонира во Буково, додека пак Струга во струшко поле. Според директорот на ЈП „Охридски комуналец“ Сашо Алче, Буково претставува потенцијално жариште и условите за депонирање на тој локалитет се многу лоши. Направени се сите напори за да се намали влијанието на животната средина во тој дел вели Алче. Тој додава дека потребата од организирана регионална депонија е повеќе од итна.
Во Р. Македонија ниедна депонија не е според стандардите на Европската Унија, обострано е мислењето на претставниците од локалните самоуправи на општините Струга и Охрид. Блиску сме на патот за добивање соодветна локација за организирана регионална депонија, со оптимизам гледа градоначалникот на Струга Рамиз Мерко кон овој проблем и додава дека инвеститорите се тука.
Градоначалникот на Струга Мерко, веќе теоретски ги подготвува граѓаните. Тој вели, кај и да биде регионалната депонија таа ќе биде минимално штетна по животната средина, бидејќи теренот за тоа го испитуваат експерти.
Анализите за испитување на влијанието на животната средина траат најмалку дваесет месеци. Од тие причини, првиот човек на Охридски Комуналец Алче, смета дека проблемот со регионалната депонија ќе се одолговлекува најмалку две години. Тој потенцираше дека Министерството за Животна средина и просторно планирање треба да даде долгорочна концесија на државно земјиште со цел да се намалат постојните трошоци, но нивните гледања се спротивни на нивните барања. Трите локации кои се ставени на хартија и доставени до Министерството за животна средина се Пискупштина, Арбиново и копот на јаглен во Осломеј Кичевско.

{loadposition content9}