Skip to main content

Ќе се финансираат проекти за ЛЕР и туризам

Општина Охрид директно вклучена во планирањето на проекти во областа на Локален економски развој и туризам.

Goran Mickovski
Горан Мицковски
Општина Охрид директно вклучена во планирањето на проекти во областа на Локален економски развој и туризам.

seloСекторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид по прв пат спроведува отворен јавен повик за финасирање на проекти за одржливиот локален економски развој. Овие проекти ќе се финансираат согласно програмата за поддршка на Локалниот економски развој и согласно средствата кои што се одобрени за програмата т.е. од буџетот за поддршка на грантови. Максималниот износ за поддршка на секој избран проект изнесува 120 000 денари. „За сите проекти задолжително е кофинансирање во износ од најмалку 10% од вкупната вредност на проектот. Доделените средства ќе се користат исклучително за намената за која ќе бидат дадени и на начин определен во Проектниот предлог. Времетраењето на севкупниот проект е предвидено согласно јавниот повик. Апликациите треба да бидат доставени најдоцна до 28 ми ноември 2009 год. потоа следува периодот на евалуација на истите. По нив ќе расправа стручна комисија која ќе одлучи кои проекти ќе ја добијат оваа поддршка“, вели Горан Мицковски. соработник за промоција на проекти.

Пријавите кои се однесуваат на проекти кои се веќе претходно финансирани или се во фаза на имплементација нема да бидат разгледувани. „Покрај две копии од проектот апликантите се должни да достават и електронски формат на ЦД така што комисијата ќе биде во можност онолку колку што дозволуваат финансиските рамки на оваа програма да ја заврши согласно предвидениот временски период најдоцна до 15ти мај 2010 год. Предност имаат проектите од областа на локален економски развој и туризам“, вели Мицкоски.

Два или повеќе подносители ( партнери ) можат да учествуваат едновремено само со еден предлог, со тоа што се назначува водечки подносител помеѓу пертнерите. Исплатата на одобрените средства Комисијата ќе је врши после поднесување на периодични финансови извештаи за завршени активности по фази.

{loadposition content9}