Skip to main content

Сотир Филевски во домашен притвор

Сотир Филевски после месец и половина повторно во својот дом.

 |  Лионела Јаковлева  | 
Ilinden
Илинден
Сотир Филевски после месец и половина повторно во својот дом.

Апелациониот суд во Битола донесе одлука да биде пуштен од притвор, ова за Твм го потврди адвокатот на Филевски, Димитрија Цобовски. Тој вели дека советот на Апелациониот суд постапил по однос на поднесената жалба поднесена од негова страна. Филевски сметано од денес во 15 часот па нареднитените 30 дена ќе биде во домашен притвор. Тоа значи дека не смее да излегува и да контактира со надворешни лица без одобрение на судот. Инаку младиот капетан беше притворен на 5-ти септември веднаш по бродоломот на „Илинден“ кога животот во Охридското Езеро го загубија 15 туристи од Бугарија. Засега тој е единствен осомничен за оваа трагедија. Истрагата која е во тек ќе покаже дали  така и ќе остане или дел од вината ќе понесат и други лица. Следува уште вториот дел од експертизата на бродот која ќе ги даде и последните податоци за расветлување на овај случај.

{loadposition content9}