Skip to main content

Секоја педа под концесија

Министерството за транспорт и врски ќе ја издава под концесија,секоја педа од Охридското крајбрежје.

 |  Татјана Маленкова  | 
Министерството за транспорт и врски ќе ја издава под концесија,секоја педа од Охридското крајбрежје.
„Наша цел  е плажите да се средат, затоа што само така можеме да ги привлечеме туристи“, вели министерот Јанакиевски. Плажи ќе никнат и на Охридскиот кеј, потврди градоначалникот Петрески.

OhridСекоја педа слободна земја на Охридското крајбрежје, владата ќе го издава под концесија. Министерот за транспорт и врски потврди дека постапката за издавање локации за три плажи е во тек, освен просторот кој е предмет на денационализација.
„Тенденција на Министерството е да се издаде секој дел од брегот на езерото. Има проблем со дел од плажите околу земјиштето кое им е вратено на сопствениците преку денационализацијата, но интенција на Министерството е да се издаде секој простор на плажите, со цел истите да се облагородат во функција на привлекување што поголем број туристи“,рече министерот Јанакиески.

Плажи ќе никнат и на Охридскиот кеј, на просторот каде се лоцирани хотелите. Со постоечкиот ДУП донесен во 2000 година  за потегот од Канео до Студенчишта кој искучиво го третира крајбрежниот простор, од кејот  до Билјанини извори се предвидува изградба на три платформи и навлегување во водената површина, како и проширување на пристаништето пред хотелот „Палас“ и градското пристаниште. „Хотел без плажа неможе“, вели градоначалникот Александар Петрески.

Нови плажи се планираат и на потегот од стадионот Грашница па се до реката Далјан. За ова земјиште сопствениците на угостителските објекти кои гравитираат на овој простор не покажале голем интерес поради што најверојатно Министерството за транспорт ќе распише нов тендер.
Локалната и централната власт доколку сакаат во вториот обид за привлекување на заинтересирани  концесионери и за овој дел од крајбрежјето најпрво ќе треба да се потрудат да изнајдат решение за еколошкиот проблем кој во моментов го предизвикува реката Грашница.

{loadposition content9}