Skip to main content

Грипот ги заобиколува Охрид и Струга

Постојано расте бро­јот на нови случаи заразени со грипот А Х1Н1 во светот и во регионот.

 |  Валентина Нелоска  | 
race
раце

Постојано расте бро­јот на нови случаи заразени со грипот А Х1Н1 во светот и во регионот.


uceniciИ во Македонија се потврдени повеќе случаи на овој  грип, а во Охрид и Струга досега нема откриени случаи  велат од охридскиот Завод Здравствена Заштита од Охрид. Пред нас е пер­и­од кога може да се очекува поголем број заразени лица. Секако дека училиштата се изложени на  најголем ризик од заболување на новиот грип. Учениците велат едуцирани се и знаат како да се заштитат од болеста која го тресе светот.  Од Министерството за здравство им најави дека ќе ги затвараат училиштата кои не ги почитуваат нивните препораки. Директорите на охридските училишта тврдат дека ги следат пре­по­ра­ките на министерството за здравство за заштита од вирусот А(Х1Н1). Помеѓу  неколкуте препораки, назначени се, и високата хигиена во училиштата, а и обврската во  секоја училница да има течен сапун за задолжително миење на раце. Во едно од најстарите општински училишта, ОУ Братство Единство, директорот Осман Османи вели дека препораката  течен сапун  во секоја училница не е изводливо да ја спроведат. Немаат услови за тоа бидејќи во училниците немаат мијалници за раце. „Сепак во рамките на нашите можности се одржува чистотат во училиштетот ,а се обезбедуваат  и средства за хигиена “  нагласува Османи.  Во едно, пак, од поновите училишта во градот ОУ Св.Климент Охридски во секоја училница има течен сапун, но кој го обезбедуваат од сопствени средства. “Во ова училиште секогаш се водела голема грижа  хигиената да е на високо ниво,  сега тој импертаив е уште поголем “ , објаснува Илиќ.                                   

Во другите основни и средни училишта кои ТВМ ги контактираше  тврдат дека набавуваат течни сапуни и за оваа намена издвојуват и до 6000 денари месечно, а често се случува и родителите да им купуваат на децата течен сапун за в училиште. Основните и средните училишта во градот само еднаш на почетокот од септември  добиле по 5 литри течен сапун од Министертсвото за здравство и тоа било се. Додека во ОУ Живко Чинго во Велгошти велат дека кај нив воопшто не стигнала ваква пратка.

{loadposition content9}