Skip to main content

Ќе се става крај на дивите чекачи

Дивите чекачи најверојатно повеќе нема да претставуваат проблем за туристичкото работење.

turisti
туристи

Дивите чекачи најверојатно повеќе нема да претставуваат проблем за туристичкото работење.

cekaciНареднава летна сезона нема да има диви чекачи.„Со намера конечно да се изнајде решение за овој проблем, од Агенцијата за туризам побаравме да дојде до промена на законските прописи. Потребни се подетални измени на законот за престој и паушално плаќање од страна на лицата кои надозволено чекаат туристи. Тој хаос кој што се случуваше во градов, нас ни беше проблем и се надевам дека со ваквиот закон кој бараме да биде донесен до наредната сезона истиот ќе биде решен.“, вели Танас Танасоски од општинскиот инспекторат.

Со ова тврдење на Танасоски не се согласува Проф. Д-р Миладин Крстаноски, кој вели дека за оваа појава веќе постои законска регулатива, со која оваа противзаконска појава може да се санкционира. Тој тврди дека „Законот за туристичка дејност е солиден закон и може да ги регулира сите општествени односи во однос на туризмот, меѓу кои ги вклучува сите поведенија, што се спротивни на она што истиот го пропишува. Оваа појава за која сега зборуваме е токму нудење и продавање на дел од туристичките услуги. Кога е така регулирано законодавецот пропишува прекршочни санкции за сите сторители кои неовластено се занимаваат со оваа дејност. Секое поинакво тврдење значи непознавање на прописите на туристичкото право.  Токму затоа по член 71 од законот за туристичка дејност каде се пропишува глоба од 700 евра во денарска противвредност за прекршок на физичко лице кое не е регистрирано за вршење на туристичка дејност. Значи законот треба да се анализира целосно што е туристичка дејност, кој субјекти можат да вршат вакво дејание, а кои не. Понатаму постапката е во надлежност на инспекторатот, кој може да казнува мандатно или за истото дејствие треба да биде поднесено барање за поведување на прекршочна постапка, ојаснува Проф. Д-р Крстаноски, експерт за правни науки при ФТУ.

„Проблемот со чекачите е еден од најголемите проблеми во туристичкото работење во Охрид. Не само за нашиот град, овој проблем негативно има влијание на целокупниот туризам во Македонија воопшто. Ако тоа го прифатиме како систем тогаш би скривнале во еден неорганизиран туризам. Тоа значи дека постојниот закон го санкционира овој проблем, а за тоа правиот збор го имаат правниците како струка. Во насока на овој проблем сакам да укажам на инкриминацијата која е многу важна за да може да се толкува проблемот, а тоа е дека чекачите вршат неовластено посредување или се ставаат во улога на физички лица кои вршат неовластено посредување. Значи дека туристичката посредничка дејност во овој случај е дезавуирана и не ме чуди што надлежните служби не можат да ја препознаат инкриминацијата, туку што туристичките агенции кои се во директна врска со конкурентноста, мораат да водат грижа и јавно да настапат и да бараат тој проблем да се разреши, вели Проф. Д-р Науме Мариноски, Шеф на катедра за туризам.

„Врз основа на моето искуство, морам да кажам дека никаде во светот ваква појава не постои. Се надевам дека надлежните во иднина, навистина ќе се заложат да изнајдат решение за овој проблем, токму поради фактот што сите жители на Охрид посакуваат нашиот град веќе еднаш да стане вистинска лулка на туризмот, бидејќи тој тоа и го заслужува“, вели Проф. Мариноски.

{loadposition content9}