Skip to main content

Крпен, но не и нов живот за ул. „Железничка“

Оваа обиколница за влакно се спаси од затварање за сообраќај. Имено, таа е од суштествено значење за уредно и безбедно одвивање на сообраќајот, но за жал последниве месеци се покажа обратното.

 |  Николовска Биљана  | 
Zeleznicka
Железничка
Оваа обиколница за влакно се спаси од затварање за сообраќај. Имено, таа е од суштествено значење за уредно и безбедно одвивање на сообраќајот, но за жал последниве месеци се покажа обратното.

ZeleznickaКако што ТВМ деновиве информираше на оваа обиколница секојдневно се случуваат незгоди од кои најмногу трпат возилата. Епилогот беше оштетени предници, скинати гуми, што дополнително придонесува за небезбедност во сообраќајот. Нашите укажувања по се изгледа освести дел од надлежните структури во градов, кои сериозно ги предупредија главните изведувачи.
Овие два дена се работи на крпење на дел од дупките на „Железничка“ . Со тоа само се ублажува состојбата, велат од агенцијата за патишта. Од таму додаваат дека овие дупки, месеци зјаеле, заради инертниот однос од страна на подизведувачот. Оваа изјава ни најмалку не влева надеж дека ќе се отпочне со долгоочекуваната реконструкција на оваа обиколница која го апсорбира транзитниот сообраќај во Охрид.
Сребре Великичевски како дел од надзорот за изградба на „Железничка “, изјави дека неможе да биде конкретен и дециден околу тоа кога ќе се отпочне со нејзина реконструкција. Тој рече дека сеуште работите околу овој проблем се заплеткани. Вината и застојот ги префрли на неажурноста на локалната самоуправа од Охрид која сеуште ги нема расчистено имотно правните односи.
Одговорниот за патниот сообраќај на локално ниво Зоран Шикалески, рече дека ниту има врска што се случува со „Железничка“, ниту е консултиран за овој проблем. Тој додаде дека целата нејаснотија и се останато произлегува од државата, која пред неколку месеци удри камен темелник на оваа улица, на која добро и беа познати сите проблеми. Шикалески истакна дека само државата може да ја среди целата комплицирана состојба. ТВМ и понатаму ќе ги следи сите нови моменти околу оваа обиколница, бидејќи јавноста а посебно жителите на овој дел, секој момент го следат и велат дека повеќе не веруваат на зборови и бараат конкретни дела.

{loadposition content9}