Skip to main content

Ин витро оплодување само во Скопје и Битола

Нема лиценцирана гинеколошка ординација  за бесплатно ин витро оплодување во Охрид.

 |  Валентина Нелоска  | 
invitro
инвитро
Нема лиценцирана гинеколошка ординација  за бесплатно ин витро оплодување во Охрид.

invitroЖените кои се обидуваат да добијат деца, а се осигуренички на Фондот за здравство мора да се лекуваат надвор од градот. Само 5 посто од   20 проценти од брачните парови кои се лекуваат од стерилитет се упатуваат на ин витро третман, информираат матичните  гинеколози. Сепак  интерес на охриѓанки за вештачко оплодување во 4 –те клиники во земјава има вели Дејан Гацов, портпарол, на  Фондот за здравство. Тој додава дека не е завршена тековната годината, па не се знае точната бројка на ин витро оплодувањата. Има завршени случаи на  лекување, а  има и такви кои се во тек објаснува Гацов. Инаку,  бесплатно ин витро оплодување во 2009 година е планирано да добијат 1550 жени, осигуренички во Фондот за здравство . Засега, по една година од стартувањето на бесплатното ин витро оплодување, овој третман се прави само во 4 клиники во земјава. Фондот има склучено договор за  надоместок на средства за биомедицинско потпомогнати оплодувања во Ре-медика – 500,  во  Систина –  750, 90 – Ултрамедика од Скопје и 200 во  Битолската Клиника за гинекологија „Плодност“.  Фондот за здравство и надоместува 80.000 денари на установата во која ќе се врши оплодувањето. Во најава е скоро отварање на гинеколошка ординација и во Охрид, па жените на кои овој начин е единствениот да добијат деца, третманот на лекување, ќе може да го прават и овде.  Оние кои ќе се одлучат на ваков начин да добијат дете  имаат право на три обиди, а за тоа ќе платат партиципација од 6.000 денари.

{loadposition content9}