Skip to main content

Дојдоја првите повисоки сметки од Комуналец

На нив има ставка за јавна чистота, а висината на истата зависи од тоа во која категорија е реонот во кој живеат  граѓаните.

 |  Татјана Маленкова  | 
Saso Alce
Сашо Алче
На нив има ставка за јавна чистота, а висината на истата зависи од тоа во која категорија е реонот во кој живеат  граѓаните.

Комуналец го спроведува законот за јавна чистота. Последните сметки кои во моментов ги дистрибуираа ЈП се повисоки. Висината на истите зависи од категоризацијата на реонот во кој живеат граѓаните.  Охриѓани запознаени од новиот начин на пресметување на сметките од ЈП Охридски комуналец. Тие во главно прифаќаат повисоки сметки, но за сметка на тоа бараат беспрекорна чистота.

„Спроведувањето на законот за јавна чистота е наша обврска“, вели дитректорот на јавното претпријатие Сашо Алче. Тој појаснува дека предлог цените за јавна чистота кои ги понудило ЈП, градоначалникот побарал да бидат пониски, по што советниците неодамна ја изгласаа оваа одлука. Сега Охрид е поделен на 4 категории  и според оваа поделба граѓаните ќе плаќаат по 40 денари доколку живеат во реон од 4 та категорија  50 во реон од трета, 60 од втора и 70 денари од прва категорија, вели Алче.

Нивото на чистотата на Охрид и понатака ќе биде на исто ниво, вели директорот на ЈП. Разиката во спроведувањето на овој закон е таа што овој пат наместо надоментокот за истата да го плаќа локлната самоуправа, сега ќе го плаќаат граѓаните.

{loadposition content9}