Skip to main content

Да се заштитат интересите на потрошувачите

Организацијата на портошувачи на Македонија ќе ги штити граѓаните во доменот од јавен интерес.

 |  Татјана Маленкова  | 
potrosuvaci
потрошувачи
Организацијата на портошувачи на Македонија ќе ги штити граѓаните во доменот од јавен интерес.

StarbaksСо овој проект се очекува зголемување на успешно решени граѓански поплаќи, велат од ОПМ.

Претставници на ОПМ денеска во Охрид преставија дел од националната кампања „ Заштита на портошувачите во доменот на услугите од јавен интерес во Република Македонија“ .Оваа кампања се води меѓу шест града во Македонија, меѓу кои и Охрид а е врзана за заштитата на потрошувачи во доменот на потрошувачи од јавен интерес.
„Веќе неколку години ние се обидуваме да ја анализираме состојбата во доменот од јавен интерес. Досегашната пракса покажува дека 40 насто од пристигнатите поплаки до нас, се однесуваат во овој домен. Интеренсоно е дека само 10 насто од нив се решени. Ова не наведе да креираме три вида на насоки , вели правниот советник од ОПМ, Епаминонда Главинац.

„Прво почувствуваме потребите од промена на правната работа која ќе обезбеди дополнителна заштита на портошувачите.Второ констатиравме недостаток на елементи на организациска култура и Третата насока се однесува на достапноста на овие услуги до сиромашните потрошувачи“, вели Главинац.
Според досегашните анализи на жалби на граѓани примени во Советодавното биро на организацијата на потрошувачи во Скопје, 40 % од поплаките на граѓаните се однесуваат на јавните услуги. Граѓаните главно се жалат на испораката на електрична енергија, услугите на фикскната телефонија, испорака на вода, осветлување, кабелски опратори, вели Татјана Тасевска од ОПМ.

„ Ако ја гледаме бројката од над 4000 приговори кои стигнале до нас во текот на 2008 год.Но процентот за успешно решени случаи е 70 насто, меѓутоа постојат услови каде имаме мал процент на решени случаи, вели Тасевска.

Таа проговори и за проблемите на организацијата на потрошувачи во врска со опстанокот на организацијата.„Ова прашање се наметна на средба со министерот за економија каде добивме ветување дека ќе имаме подршка од владата“, вели Тасевска.
Тасевска вели дека ОПМ како организација бара силна и поефикасна подршка од државата, министрвото за економија и сите останати кои имаат тесна врска со портошувачите.

{loadposition content9}