Skip to main content

Нема ексклузивност во МЈП „Проаква“

Состојбите со претпријатието се речиси непроменети во однос на неисплатените лични придонеси и во врска со долгот што го има Проаква кон ЕВН.

 |  Николоска Биљана  | 
Состојбите со претпријатието се речиси непроменети во однос на неисплатените лични придонеси и во врска со долгот што го има Проаква кон ЕВН.

Петрески, има доверба во раководниот тим на ова јавно претпријатие, но спас гледа само во поделбата на МЈП „Проаква“.

vodovodНајновите гласини дека ЕВН го доби спорот со Проаква,  првиот човек на ова претпријатие Бранислав Трпчевски ги отфрла како неточни. Напротив Трпчевски вели дека спорот со ЕВН е секојдневна работа што ја извршуваат службите на МЈП „Проаква“, во координација со локалната самоуправа. Тој додава дека постапката во моментов оди во позитивна насока за претпријатието.

Заостанатите плати, како сериозен проблем исто така  се провлекува во Проаква. Бројните најави за штрајк на вработените секојдневно се присутни во чаршиските кулоари. Градоначалникот Петрески, со дефиниран став и препознатлив одговор во негов стил. Додека пак од друга страна Трпчевски ги поддржува правата на вработените.

Со доза на резерва се препораките на Петрески кон вработените на Проаква. Тој ги теши да издржат, без конкретно ветување дека се надзира било каков епилог во позитивна насока.

Ликвидноста на „Проаква“ е моја главна цел, вклучувајќи ја тука и редовната исплата на придонесите потенцираше Трпчевски. Тој додаде дека е голем оптимист во изнаоѓање на позитивна разрешница на целата состојба. Претпријатието независно да функционира.

{loadposition content9}