Skip to main content

Свечена седница по повод 65 години слободен Охрид

Во нејзини рамки беше промовирана книгата Охридско-Преспански стопански хоризонти од Јонче Филипоски.

 |  Николовска Биљана  | 
opshtina
општина
Јубилејните шест и пол децении од ослободувањето на Охрид одбележани, ден пред датумот 7 ми ноември. Свечената седница по тој повод, беше одржана во присуство на бројни гости, граѓани, преживеани учесници на НОВ и антифашистичката револуција.

OhridЧествувањето отпочна со химната на Р. Македонија во интерпретација на гимназијалците, членови на Хорот. За значението на денот зборуваше претседателот на Советот на општина Охрид Душко Јаковчески. Тој истакна дека 65 години поминати во слобода се доволен период, за да се разберат целите на сите оние кои твореле за Охрид. Јаковчески повика заеднички сите граѓани, партии и власт да се ангажираат за што подобар живот и просперитет на Охрид.
Во рамките на свеченоста беше промовирана и книгата на познатиот автор Јонче Филипоски, под наслов „Охридско-Преспански стопански хоризонти. Филиповски во делото се потрудил да направи спој на овие два региони, на што всушност го посветил и целиот свој работен и животен век како што и самиот вели.
Филиповски изјави дека инспирацијата за делото била исцрпена од неговото долгогодишно пратење на основните состојби, ограничувања и перспективите на овој регион. Покрај неговото појмовно формулирање , авторот во книгата додава и други моменти, како што се природно географските карактеристики кои ги обединуваат овие региони.
Целта на писателот е сите оние кои ќе ја прочитаат книгата да разберат дека овој регион е од посебно значење во развојт на сите стопански дејности.

{loadposition content9}