Skip to main content

Граѓаните на средба со директорот на државниот катастар

По трет пат во Охридското одделение за катастар се органираат  отворени денови.

 |  Валентина Нелоска  | 
katastar
катастар
По трет пат во Охридското одделение за катастар се органираат  отворени денови.

Станува збор за средби на граѓаните со директорот на државниот катастар  и државните службеници за решавање на проблемите од област ана катастарот вели Љупчо Георгиески директорот на државниот катастар. Тој додава дека од средбите со граѓаните  имаат впечаток дека застојот во решавање на проблемите не е секогаш кај нив.
Проблемите се испреплетени меѓу нашата и  другите институции вели првиот човек на катастарот . Ние се обидуваме да помогнеме во решавање на проблемите преку директни средби додава тој.
Граѓаните имаат проблеми ама не сакаат јавно  да зборуваат. За катастарските проблеми граѓаните најчесто обвинувањата ги  упатуваат на адреса нa катастарот.  Робе Тодороски, началникот на охридското одделение за овие обвинувања има оправдување. Граѓаните од незнаење или неажурност не ја имаат комплетирано документацијата со другите институции како урбанизам и имотно правни односи ,а без то ане може да се запишат графички и нумерички недвижнсотите вели Тодороски.
Утре продолжуваат отворените денови со катастар и во Охрид и во Струга.  Граѓаните може да се сретнат со директорот Георгиески и останатите државни  советници во охридското и струшкото одделени за катастар од 9 до 18 часот.

{loadposition content9}