Skip to main content

Нескриени страсти

Борис Стефановски не ја препушта на друг претседателската позиција на ВМРО-ДПМНЕ.

 |  Николовска Биљана  | 
Boris Stefanovski
Борис Стефановски

Борис Стефановски не ја препушта на друг претседателската позиција на ВМРО-ДПМНЕ. Тој смета дека работи добро, се залага за партиските цели, и е релативно нов координатор. Очекува повторно да ја добие поддршката на Премиерот Груевски.

vrataНескоромно е, но очекувам повторно да бидам координатор на ВМРО-ДПМНЕ стои во изјавата на актуелниот претседател Борис Стефаноски. Стефаноски рече дека максимално ја почитува партиската процедура, во која повеќе од јасен е партискиот став на централно ниво, после секои избори посебно во општините каде е изгубено градоначалничкото место да се изврши реизбор.
Стефановски повторно се пријавува на огласот за прв човек на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, од причини што сеуште има како што и самиот вели недорелизирани планови и се смета како релативно нов координатор.
Иако, засега имаме навидум мирна атмосфера на политичката сцена, после 27 ноември кога е и крајниот рок за пријавување на кандидати за претседатели, се очекува големо разбранување во меѓупартиските редови на ВМРО-ДПМНЕ. Според извори на ТВМ од тесно партиските кругови на ВМРО-ДПМНЕ,  пријавени се скоро истите кандидати од минатиот пат.

{loadposition content9}