Skip to main content

Владата прави напори за надминување на проблемите во стопанството

Добри вести во врска со решавањето на проблемите во ЕМО, во првиот квартал од наредната година.

Valdimir Peshevski
Владимир Пешевски

Добри вести во врска со решавањето на проблемите во ЕМО, во првиот квартал од наредната година.

ЕМО е една од четирите компании за кои владата првзема мерки за приватизација. Ангажирани се консултантски фирми за решавање на состојбата во овој стопански гигант. Започната е постапка за нивна анализа. „Се надеваме дека во првиот квартал од наредната година, конечно ќе најдеме решение на овој проблем, До крајот на овој месец очекуваме и предложени модели за приватизација, така да до крајот на годината чќе одбереме по која патека ќе оди трансформацијата. Со ЕМО сме во континуирана комуникација така да се обидуваме во рамките на нашите можности да помогнеме во некои проекти каде и владата има интерес“,најави денес вицепремиерот за економски прашања во владат на РМ Владимир Пешевски.

Спорот помеѓу ЕЛЕМ и ЕВН ќе се надмине со регулирање на односите во областа на енергетиката. Овој проблем, пртставува спор помеѓу две компании и како таков треба да се третира. „Чекорите кои се планираат во оваа насока опфаќаат активности кои се од интерес за подобрување на односите со ЕВН, посочи Пешевски. Ние се трудиме да ги заштитиме нашите интереси, не само д го штитиме ЕЛЕМ туку и да водиме сметка за вкупната деловна клима и како е тоа перцепирано од другите странски инвеститори. За жал во изминатиов период постоеше впечаток дека Македонија е во дефанзива и се создаде впечаток дека ЕВН е во право целосно за своите барања, но да не одиме толку далеку и да го тврдиме тоа“, додава тој.

„Ние како Влада имаме редовна комуникација со ЕВН,  отворени сме да одговориме на сите прашања кои се однесуваат на нив. Ние се заложуваме за односите во секторот енергетика, каде што е мошне  извесно дека ќе дојде до одредени измени во законот. Со Европската енергетска асоцијација имаме коректен однос и сме во насока на прифаќање на одреени правила кои ние како земја ќе ги прифатиме кога и ќе потпишеме договор. Динамиката и начинот на кој се решаваат одредени прашања кои се предмет на договор со европската енергетска заедица не се цврсто зацртани, туку секоја држава има определена слобода како тоа ќе го прави“, додава Вицепремиерот.

„Европската енергетска заедница е заинтересирана Македонија да прави само чекори во добра насока бид во 2015 ние како и да е ќе мора да пристапиме кон поголема либерализација на пазарот. Тие се подготвени  да ни помогнат на начин на кој што ние ќе оцениме дека е корисен. Желба од нивна страна има, а на нас останува да ги разгледуваме можностите као тоа да го направиме“, додава на крај вицепремиерот Пешевски.

{loadposition content9}