Skip to main content

Се чисти „Галичица“

Нема место за отпадоци во природата. Ова е мотото на акцијата која деновиве се спроведува на НП „Галичица“. Акцијата е помогната од ЈП Охридски Комуналец и „Македонија пат“.

 |  Николска Биљана  | 
smet
смет

Нема место за отпадоци во природата. Ова е мотото на акцијата која деновиве се спроведува на НП „Галичица“. Акцијата е помогната од ЈП Охридски Комуналец и „Македонија пат“.

cistenjeСе чистат дивите депонии на НП „Галичица“. Согласно стратегијата на паркот деновиве се спроведува акција за чистење на цврстиот отпад, со цел да се заштити природата. 16 удрани точки во паркот се мета на сторителите, кои на овие места трпаат планини од градежен шут, меѓу другото и друг отпад. Иницијативата на паркот, е во соработка со ЈП Охридски Комуналец и Македонија Пат, и се одвива на веќе зацртани места вели Номче Новески раководителот на заштита на паркот.

Новески очекува ова да биде последна акција од ваков тип. Тој додава дека се прават сите напори да се подигне јавната свест, бидејќи се работи за заштита на животна средина која е од непроценлива природна вредност.
Досега собрани се над 12 камиони цврст отпад, кој се одлага на „Мауцхер“. Фатени сторители на дело досега нема, а Новевски вели дека тешко оди со окривањето на истите, иако во паркот се работи и во вонредни смени. Постапката на откривање на сторителите на прекршокот, фрлање отпадоци се изведува само доколку од паркот имаат сознанија и истите заедно со надлежните да работата на разоткривање.

{loadposition content9}