Skip to main content

Спорна градба како присутна опасност

Руиниран објект потенцијална опасност за учениците од Св Климент Охридски кај Даљан.

 |  Татјана Маленкова  | 
tabla
табла

Руиниран објект потенцијална опасност за учениците од Св Климент Охридски кај Даљан.  

Овој објект секој момент може да падне, а досега надлежните не интервенираа. Спорна е сопственоста на градбата.

objektБезбедноста на учениците во подрачното училиште Св. Климент Охридски во Даљан, загрозена. Причина е руинираниот објект, кој е во непосредна близина на училиштито.

„За Локалната самоуправа безбедноста на децата е во прв план, но за да превземеме мерки околку овој проблем, постои постапка која мора да се испочитува“, вели првиот човек на секторот за образование во општина Охрид, Митре Вељаноски.

Советот на родители на ОУ треба да реагира до директорот на училиштето, а од таму допис со образложување на проблемот треба да испратат до нас. Ние како сектор за образование при локлната претставката ќе ја испратиме до комуналниот инспекторат , кој ќе излези на лице место, да констаира во чија сопставенот е објектот и во каква состојба е истиот?

Следен чекор е сопстевниокот да се задолжи со решение со кое ќе треба или да го обезбеди или руши објектот. Доколку не се постапи по тоа решение  секторот за урбанизам треба да изготви проектна докумнтација до секторот за урбанизам со која ќе се пристапи кон рушење на објектот, вели Вељаноски.

Диркторката на ОУ Славица Илиќ, за реакцијата на родителите од Даљан слушна од нас. Вети дека веднаш ќе пристапи кон изготвување докумнтација со која директно писмено ќе ја извести локлната за овој проблем, а индиректно и ќе ја започне законската постапка за рушење на руинираниот објект.
Инаку за потсетување локалнта самоуправа во неколку наврати вложи доста финансиски средства за подобрување на условите на подрачното училиште во кое настава  посетуваат околку 70 тина деца.


{loadposition content9}