Skip to main content

Битката продолжува

Натегањата за деловните простории на ЈП Охридски Комуналец помеѓу Стефаноски и Алче, продолжуваат.

 |  Татјана Маленкова  | 
Borce Stefanovski
Борче Стефановски

Натегањата за деловните простории на ЈП Охридски Комуналец помеѓу Стефаноски и Алче, продолжуваат.
dokumentКоординаторот на ВМРО ДПМНЕ тврди дека во документацијата која ја добиле советниците стои дека дуќаните се под хипотека, а директорот на ЈП пак со документ од охридска банка се труди да докаже дека тоа не е точно.   

Кој кого надмудрува. Координаторот на ВМРО ДПМНЕ Борис Стефаноски одлучи до крај да ја истера постапката и да му докаже на Алче дека несмее да ги продава деловните простории на ЈП. Стефаноски во рака го има документот во кој стои дека спорните простории се под хипотека.

„Јас има  документ кој го добив како припрема за седницата во кој јасно пишува дека деловните простории се под хипотека“, вели координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ , Борис Стефаноски.

Спротивно на ова в.д директорот на ЈП Охридски комунлаец Сашо Алче до редакција приложи документ во кој стои спротивното. Во докумнтот кој го приложи во нашата редакција стои цитирам:

„Врз основа на вашето барање за ослободување од хипотека  од 02.11 2009 год. извршивме увид на лице место со стручно лице на Охридска банка АД Охрид како и со ваш претставник, кој ни посочи конкретно за кои објекти во Градскиот Пазар во Охрид барате ослободување од воспоставената хипотека. Од извршениот увид и констатираната состојба на лице место на надлежнота  која што е ставена под хипотека, ве известуваме дека посочените објекти од ваша страна не се ставени под хипотека во Охридска банка.
Стефаноски оправданоста кон својот став ја гледа кон она што треба да се случи наредниов период. Долгонајавуваната поделба на ЈП.
Стефаноски и Алче последниов период се најактуелни во јавноста. Кој ќе ја исправи Крива Дрина останува да видиме.

{loadposition content9}