Skip to main content

Македонија на дофат до европските пари

Хрватска од ИПА фондовите има добиено 63 милиони евра.

 |  Николоска Биљана  | 
vino
вино

Хрватска од ИПА фондовите има добиено 63 милиони евра. Како Македонија да стигне до нив, денес во Охрид претставници од Хрватска, одржаа трибина каде беа презентирани нивните искуства за користење на европските пари.

predavanjeЕвропските пари не се подарени средства, напротив тие се крваво заработени, но ако правилно се искористат на крај резултатите се убави, изјави од Охрид Мануела Хрватин од Истарската Жупанија, Хрватска. Хрватин е советник за меѓународна соработка на евроинтеграциите. Таа денес пред претставниците на Локалната самоуправа, невладиниот сектор говореше на тема „Хрватски искуства во користење на европските пари“. Хрватин истакна дека досега Хрватска како земја членка на Европа нема добиено многу средства, но Истарската Жупанија посебно се истакнала како најуспешна и тоа  искуство планира да го пренесе во Македонија. Целта на ИПА фондовите е прекугранична соработка која Македонија мора да ја оствари со Албанија рече Хрватин
Тодор Брдарски како претставник на македонското малцинство во Хрватска, кажа многу пофални зборови за Хрватска. Според него таа е земја која успеала многу да постигне за да се докаже пред Европа, вклучувајќи ја тука и почита кон сите националности, меѓу кои и македонците на кои во многу активности им помага и финансиски.
Брдарски во Македонија гледа одлично поле за работа посебно во развој на етно туризмот. Тој рече дека ни претстои изненадување во тој сегмент бидејќи бројните посетители од странство се радуваат  и ги почитуваат работите кои за нас се неприметливи.
Меѓу Македонија и Хрватска постои клима за билатерална соработка како пријателски земји, беше истакнато од страна на хрватскиот советник Мануела Хрватин. На денешната трибина имаше малку заинтересирани лица од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор иако навистина имаше што да се слушне како да се стигне до европските пари.

{loadposition content9}