Skip to main content

Кризата за хотелскиот бизнис допрва доаѓа

Актуелната визна  либерализација кај нас и во регионот, свинскиот грип и економската криза  сериозно се закануваат охридските хотели за дочекот на  Нова година да останат полупразни, па дури и празни.

 |  Валентина Нелоска  | 
hoteli
хотели
Актуелната визна  либерализација кај нас и во регионот, свинскиот грип и економската криза  сериозно се закануваат охридските хотели за дочекот на  Нова година да останат полупразни, па дури и празни.

hoteliВо овој период лани биле распродадени 90 насто од капацитетите, а тоа ни од далеку не е случај во моментов. Најави има, но слабо оди продажбата на новогодишните  аранжмани  објаснуваат хотелиерите. Некои од нив, меѓу кои е Перо Кутаноски менаџерот на хотелот Гранит, се надеваат дека  ситуацијата  може да се измени за следните 10-тина денови. Кутаноски
не е оптимист  дека капацитетите ќе се наполнат до 31 декември. Останатите хотелиери не сакаат да ја коментираат ситуацијата. Сепак, дел од нив  се согласуваат дека продажбата за разлика од лани е многу послаба. Ни државата, ни домашните туристички агенции не работат на носење на гости реагираат тие. Иако има стратегија за развој на туризмот , таа е ставена само на хартија е нивниот краток коментар. Менаџерот на Гранит ,Кутаноски вели нашите туристички агенции нудат аранжмани за патување во странство, а не ги нудат домашните аранжмани. Ефтините летови кои би донеле гости во Охрид нема, па гостите од регинот ќе патуваат во поефтините европски центри ,исто како и нашите кои ќе пробаат да патуваат во странство кажува Кутаноски.
Хотелиерите сепак се надеваат дека Охрид за новогодишните празници ќе биде посетен од гости од регионот Србија, Бугарија и Албанија. Цената за тродневен  новогодишен аранжман во поголемите хотелски капацитети, со вклучен дочек на Нова година, ќе се движи од 139 па се до 209 евра.

{loadposition content9}