Skip to main content

До каде ќе се оди со Светиклиментовите награди?

Се прекинува традицијата која се практикуваше години наназад. Одбележување на 8- ми декември со Свечена академија годинава нема да има!

академија
akademija

Се прекинува традицијата која се практикуваше години наназад. Имено, Свечената академија по повод 8-ми декември, денот на Св. Климент Охридски – Патронот на Охрид, годинава нема да се одржи.

академијаОваа престижна манифестација,  со која на едно место се собираа сите позначајни луѓе од градов, Локалната самоуправа од Охрид одлучи да не се одржи. Ова е одлука на Комисијата на Советот на општината за одбележување празници и манифестации, доделување награди и признанија, донесена по доставен предлог од страна на Локалната самоуправа од Охрид.
На  денот на празникот, 8-ми декември, во салата на средното угостителско училиште „ Ванчо Питошески“ ќе се одржи Свечена седница на Советот на општината. На истата ќе бидат врачени највисоките општински признанија, Наградата и Повелбите „ Св. Климент Охридски“ – Патрон на Охрид.

Граѓаните се погласно коментираат околу неодржувањето на Свечената Академија, кои по првичниот шок од изборот на добитниците на Светиклиментовата награда се затекнати и од одлуката ваквата манифестацијата воопшто да не се одржи. ТВМ ексклузивно дознава дека одржувањето на истата ќе се оствари наредната година, на 9 ти август, кога охриѓани го прославуваат летниот Свети  Климент. По сето ова неизбежно се наметнува прашањето дали некој сака Охрид да добие два Патрони празници, а ниту еден од нив да не биде достојно одбележан.
И Свечената Академија на ОСУ „ Св. Климент Охридски“, закажана за 7-ми декември во 19 часот, во НУ Центарот за култура „Григор Прличев“, со која требаше да се одбележи Патрониот празник на училиштето се одлага. Објаснувањето е дека ова е превентивна мерка од новиот грип. Од таму информираат дека активностите за одбележување на Патронатот ќе се спроведат интерно, во самото училиште.

{loadposition content9}