Skip to main content

Новина во потрошувачката за вода

5 кубици ќе биде просечната потрошувачка за член од семејство на ниво на општините Охрид и Струга.

 |  Николоска Биљана  | 
logo
лого
5 кубици ќе биде просечната потрошувачка за член од семејство на ниво на општините Охрид и Струга. Доколку се надминат истите, ќе има дуплирање на цената.

vodovodНа десеттата седница на советот на општина Охрид помина предлог одлуката за давање согласност на одлуката за одржување просечна потрошувачка на вода за пиење. Тоа значи дека на секој член на семејството му следува 5 кубици вода или 5000 литри што е сосема доволно за одржување на потребниот хигиенски минимум за секој, вели раководителот на финансискиот сектор во МЈП Проаква Билјана Ангелоска. Таа додава дека ова е во согласност со законот за води.
Познато е дека водата е непроценливо богатство. Затоа навреме треба да се превземат мерки за нејзино рационално користење, а секако тука треба да се земе предвид правото на корисникот вели Ангелоска.
Очекувањата на одговорните на „Проаква“ е дека со новата одредба сметките ќе бидат помали и ќе се постигне посакуваната рационализација на водата. Во прилог на тоа би се постигнала реална потрошувачка бидејќи секој ќе се запраша зошто ја троши водата и ќе води сметка као ја троши. Ваков начин на наплата се очекува да започне наредната година.

{loadposition content9}