Skip to main content

Основците од Св Климент Охридски го обелија образот на градот

Во предвечерието на патронот на училиштето и градот, основците од  Св. Климент Охридски со свечена програма насловена со „ Животот е убав “  го одбележаа името на својот заштитник.

 |  Валентина Нелоска  | 
Aleksandar Arnaudov
Александар Арнаудов

Во предвечерието на патронот на училиштето и градот, основците од  Св. Климент Охридски со свечена програма насловена со „ Животот е убав “  го одбележаа името на својот заштитник.

priredbaПригодната програма ја проследија голем број гости и родители, а присутните со пригодна реч ги поздрави директорката на училиштето Славица Илиќ. Таа истакна дека се слави името на патронот на градот и училиштето, сесловенскиот просветител и првиот учител Св Климент  Охридски. Преку детската игра, песна и збор се слави убавината на животот  потсети Илиќ и ги повика присутните да ја пронајдат убавината на животот во себе или околу себе.
Учениците од Св. Климент Охридки со тактот на музиката, песната и играта  потврдија  дека животот е навистина убав. На најуспешните ученици кои учествувале на литературниот и ликовниот конкурс им беа врачени освоените награди.




{loadposition content9}