Skip to main content

Охридските студенти добри крводарители

Тие масовно излегоа на денешната крводарителска акција, покажувајќи хуманост.

 |  Николовска Биљана  | 
Тие масовно излегоа на денешната крводарителска акција, покажувајќи хуманост. За тоа добија привилегија од деканатот на факултетот за туризам и универзитетот по информатика, олеснување во полагањето.

krvodaritelska akcijaСтуденска крводарителска акција. Традиционално и годинава во организација на Црвениот Крст од Охрид одделението за трансфузиологија при општа болница, и  факултетот за туризам и универзитетот за информатика, студентите на дело ја покажаа својата хуманост. Годинава новина е приклучувањето на студентите по информатика кон акцијата а со самото тоа и очекувањата се поголеми рече Антонио Додоски секретарот на Црвениот Крст од Охрид. Тој додаде дека за годинешнава акција многу добро се организирале.

Досега како најголеми и најуспешни крводарителски акции се покажаа оние кои што се спроведуваат за верските празници Св. Климент и Водици, велат од одделението за трансфузиологија при општа болница Охрид. Соња Србакоска задоволна е од одзивот на студентите и се надева дека потребните резерви на најдефицитерните крвни групи ќе се задоволат.

Факултетот за туризам и организациони науки преку ваквите акции се вклучува во пошироки општествени активности вели продеканот Проф. Др. Сашо Коруноски. Тој додаде дека од тука се наметнало и прашањето како студентите да бидат мотивирани.

Студентите можат да се вклучат и во други општествено корисни акции. Доколку донесат потврда за таквиот ангажман тоа ќе биде забележано во нивното досие и во крајната диплома ќе имаат дополн ителни поени.

{loadposition content9}