Skip to main content

Охридските „студенти“ на национална Тв

Вчера, пред канцеларијата на ЕУ во Скопје, се одржаа студентски протести.

 |  информативна  | 
protest
протест
Вчера, пред канцеларијата на ЕУ во Скопје, се одржаа студентски протести.

На снимката која беше емитувана на  националната телевизиска станица А1, помеѓу сите студенти, присутни беа и охриѓаните: Љубен Арнаудов, директор на Општа болница – Охрид, Тоде Илиески, директор на Библиотеката „Григор Прличев“,  Тане Маркоски – инспектор во Охридската капетанија, и Коле Велјановски –Бикчето, долгогодишен активен член на ВМРО ДПМНЕ. И од толку народ, меѓу анкетираните се погодија токму охридските студенти.

Несомнено, според нивните изјави, помеѓу нив постои дилема, дали нивното присуство на протестите е сосема спонтано или пак организирано. А од кого?
Бидејќи дел од гореспоменатите се и кандидати за претседател на Општинската Организација на ВМРО ДПМНЕ, се поставува прашањето: – Дали почна да се разгорува битката за оваа фотелја или пак ова е само начин да се добие политички, односно, партиски поен плус. И за крај, како што веќе споменавме, дел од охридските членови во протестот се на видни, односно, директорски функции на Јавни установи во градов, па се поставува прашањето, дали нивното вчерашно отсуство од работа го оправдуваат со земање ден од годишен одмор, слободен ден или пак службено патување во Скопје.

{loadposition content9}