Skip to main content

Судовите како „Fort Knox“

Никој не е виновен се додека не е осуден со правосилна пресуда.

 |  Николовска Биљана  | 
logo
лого
Никој не е виновен се додека не е осуден со правосилна пресуда. Ова мото во правосудството е главен двигател кон кое мора да се придржуваат правните лица. Судството мора да се отвори кон јавноста ако сакаме да ја подобриме лошата оценка од Европската Унија.

Vlado DejanoskiВо последно време се прават обиди да се изгради довербата, и да постои  поголема соработка на релација новинари и  македонското судство. Деновиве, во организација на ОБСЕ, на тркалезна маса седнаа здружението на судии на Македонија, новинарите и меѓународната ОБСЕ. Само минатата година, според извори на ЗНМ, имаше над 160 кривични пријави за новинари и најголем дел од нив се пресудени во вкупна вредност од повеќе од 250 илјади евра. Факт е дека и годинава поголем број новинари седнаа на обвинителна клупа. Првиот човек на Основниот суд во Охрид Владо Дејаноски апсолутно се согласува дека мора да се подобри соработката, и нештата да се помрднат од мртва точка.
Охридскиот суд сеуште нема именувано портпарол кој е предвиден за секој суд согласно законот. Таа обврска ја има во моментов претседателот. Дејаноски вели дека новите услови за работа, за кои во минатиот период многу се инвестираше, допринесоа Охридскиот суд да ги следи Европските трендови. Тоа се однесува пред  се на транспарентност и отвореност не само кон медиумите, туку и воопшто за целокупната јавност, додаде Дејаноски.
Ставот на новинарите во поголем број случаи е дека судиите на нив гладаат како на лешинари. Тоа е така  затоа што од една страна се браниме, а од друга страна бараме информација. Податокот дека тужителите во судските спорови против новинарите се третираат како авторитети, според Дејаноски се неосновани. Тој рече дека тоа не би требало да се случи.
Општиот заклучок е дека мора да постои поголема отвореност на судовите, и комуникацијата помеѓу новинарите и судиите да биде подобра.

{loadposition content9}