Skip to main content

Нема рестрикција и зголемување на цената на водата за пиење

Дефиниран е просекот за потребна количина по член на семејство од страна на советите на општините Охрид и Струга.

 |  Николоска Биљана  | 

Дефиниран е просекот за потребна количина по член на семејство од страна на советите на општините Охрид и Струга.

vodovodВодата за пиење, луксуз за оние кои ја користат надвор од реалните потреби. Водата која што МЈП „Проаква“, ја дистрибуира до корисниците е за пиење и одржување на лична хигиена на семејството. Секоја друга намена е луксуз. Со законот за водоснабдување и третманот со отпадни води советите ги дефинираат просеците на потребна количина вода по член на семејство.  Последната одлука на двата совети односно на Управниот одбор е само практична примена на законска регулатива  вели првиот човек на „Проаква“ Бранислав Трпчевски.
Со 5 кубици вода просек за член од семејство  секој би можел дневно да користи до 155 литри вода. Пресметувајќи по било кој стандарди оваа количина е повеќе од потребната, вели Трпчески. Тоа значи нема рестрикција на користење на водата и нема да има зголемување на цената, се работи за зголемен просек на потребите на граѓаните, вели Трпчески. Во предвид ќе се зема реалната потрошувачка, колку редовно се читааат водомерите и каква е нивната исправност.
Водомерите се наоѓаат  во незавидна состојба вели Трпчевски. Доколку корисниците сметаат дека нивното броило ја дава несоодветната количина на потрошена вода во секое време можат писмено да се обратат до нашите служби. „Проаква“  веќе стои пред голема инвестиција за промена на старите броила со дигитални додава Трпчески.
Дигитални броила веќе се поставуваат онаму каде што има покритична состојба. Раководниот тим на МЈП „Проаква“во зависност од можностите во иднина планира сите стари броила да ги заменат со нови.

{loadposition content9}