Skip to main content

Признаени водичи во Европа

Европа ги признава македонските лиценцирани планински водачи.

 |  Николоска Биљана  | 
tabla
табла
Европа ги признава македонските лиценцирани планински водачи.

Нашата земја сеуште нема законска регулатива за да ја признае оваа професија, затоа дивите водичи прават нелојална конкуренција.

GalicicaПрофесијата планински водич  на ниво на нашата земја е девалвиран. Тоа е од причина што сеуште оваа професија не е влезена во законски регулатива.
Шест часа прошетка во планина со обучен водич чини 50 евра. Во Македонија посебно во Охрид голема е потребата од планински водачи. Во нашиот град има 7 обучени професионални планински водачи. „Ние имаме планинска асоцијација на интернационални водачи  кои од минатата година се и членови на меѓународната унија, призната под уставно има“ вели секретарот на Црвениот Крст на Охрид Антонио Додоски.

Обуката за интернационален планински водич трае 2 години. Доколку пројави некој интерес добива услуга од Европски признат професионален карактер потенцира Додоски.

Логично е во Охрид лулката на туризмот која нуди милион можности за развој на истиот, повеќе внимание да му се посвети и на планинскиот туризам вели Додоски. Тоа било и заклучок на неодамна одржаниот семинар за промоција на туризмот во Велестово, каде биле присутни  туристички работници од сите категории. Планинските водачи се девалвирани затоа што оваа професија не е влезена во законските регулативи на кои се чека истакна Додоски.

Македонската Асоцијација на интернационални водичи  има дефинирано цена од 50 евра за шест часа тура прошетка низ планина. Планинскиот водич не би требало да се продава на Туристичките агенции за помалку од таа сума на пари. Во зависност од квалитетот и искуството на водичот цената може да се движи по нагорна линија, вели секретарот на Црвениот Крст.

{loadposition content9}