Skip to main content

„Нападнат“ со шут свежо исчистениот простор под Рамне

На само 5 километри оддалеченост од центарот на Охрид се наоѓа селото Рамне.

 |  Валентина Нелоска  | 
tabla
табла

На само 5 километри оддалеченост од центарот на Охрид се наоѓа селото Рамне.


smetНаселба која се протега  во рамките на НП „Галичица“, а од ден на ден  никнуваат убави станбени објекти и станува атрактивно место за живеење. Она што им смета на жителите кои живеат тука се депониите кои никнат преку ноќ. Проблемот са градежниот шут и тука не е ретксот. Жителите се жалат дека несовесни граѓани се ослободуваат од отпад, па дури но и од делови на непотребен мебел.
И од националниот парк  потврдуваат дека некои граѓани продолжуваат со старите навики  и покрај големата акција за чистење на паркот која е во тек. Најавуваат пресметка со несовесните  кои и покрај апелите за зачувување на животната средина се однесуваат  уништувачки вели Наум Новески од НП Галичица. Тој додава за оние кои што ќе се крајно безобразни и наместо на Мауцкер каде што за симболична цена нема да го одложуваат ѓубрето туку тоа ќе го прават во НП „Галичица“ во фаза е поставување на видео камери. На тој начин полесно ќе се справуваат со проблемот и со мониторинг преку компјутери. Ќе се засилува и присуството на ренџерските екипи  на терен.  
Во акцијата на НП „Галичица“ досега се исчистени 2/3 од паркот. Градежниот шут  беше подигнат  неодамна и на потегот кон Рамне потенцира  Новески. Останува да се доисчистат терените на националниот парк  од Елшани кон Љубаништа. Слични појави како и во Рамне се забележани и во близина на Пештани потенцира Новески.
Од националниот парк упатуваат апел  на заедничка соработка со ренџерските патроли, медумите и населението кое гравитира кон паркот да придонесат кон што поголема заштита на природните богатства во паркот. НП „Галичица“ се протега на површина од 25.000 хектари и  голем дел од него се наоѓа под заштита на Унеско.

{loadposition content9}