Skip to main content

Охридското езеро порибено со 180.000 единки подмладок

Пастрмката за порибување ја обезбедија Хидробиолошкиот завод од Охрид и мрестилиштето Лин во Албанија.

 |  Татјана Маленкова  | 
ministri
министри
Пастрмката за порибување ја обезбедија Хидробиолошкиот завод од Охрид и мрестилиштето Лин во Албанија.„ Заедничкото порибување на Езеро има за цел  на симболичен начин да ја покаже подготвеноста на двете земји за заштита на рибниот фонд“, изјави македонскиот министер за животна средина, Неџати Јакупи

mrestilishteОхридското Езеро на симболичен начин порибено со 180 000 единки подмладок на охридска пастрмка и од Македонска и од Албанска страна. Триесет илјади млади пастрмки обезбеди Хидробиолошкиот завод од Охрид, а останатите 150 000 се биле одгледани во мрестилиштето Лин во Албанија. На порибувањето присуствуваа министрите за заштита на животната средина на Македонија и Албанија, Неџати Јакупи и Фатмир Медиу. Двајцата министри имаа и работна средба со претставници на  Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро од двете земји.

„Од министрот Медиу, добив силна порака дека во неговата агенда за Охридското езеро приоритет ќе биде заштитата на Охридското езеро. Добив уверување од мојот колега дека Албанија ќе превземе конкретни мерки за справување со рибокрадството“, изјави македонскиот министер за животна средина, Неџати Јакупи.

Двајцата министри се согласија дека рибокрадството во двете соседни земји е и социјален проблем кој треба да го решаваат низ директни разговори со локалното население и обезбедување егзистенција на поранешните рибари. Само на тој начин мерките за заштита на рибниот фонд ќе имаат ефект, сметаат Јакупи и Медиу.
Албанскиот министер, Медиу, истакна дека Албанија ќе ги усогласи мерките за заштита со Македонија, и ќе ја разгледа можноста за прогласување мораториум за риболов на своја територија.

На средбата министрите од Македонија и Албанија се договорија и приодот кон меѓународните институции да биде регионален. На овој начин ќе можеме да се справиме со ефектите од климатските промени, но и да користиме одредени фондови за справување  со овој проблем, рече министреот Јакупи.

{loadposition content9}