Skip to main content

„Охрид – град на седумте чуда“

Преку  видео -презентација и друг промотивен  материјал, Охрид ја промовираше својата понуда, во Брисел на меѓународната и конференција посветена на развојот на туризмот.

Aleksandar Petreski
Александар Петрески
Преку  видео -презентација и друг промотивен  материјал, Охрид ја промовираше својата понуда, во Брисел на меѓународната и конференција посветена на развојот на туризмот.

Aleksandar PetreskiПод мотото „Охрид град на седумте чуда“ во европската престолнина Брисел, минатата недела свое претставување имаше и Охрид. Преку  видео -презентација и друг промотивен  материјал, градот ја промовираше својата понуда. Истовремено во Брисел се одржа и меѓународна конференција посветена на развојот на туризмот. Меѓу седумте чуда со кои се промивираше градот беа Светиклиментовиот универзитет, пастрмката, заштитата под УНЕСКО и други. „Многу е важно да бидеме присутни секаде и да се зборува за Охрид. Сигурно дека резултатите во туризмот не доаѓаат одеднаш. Јас ќе предложам да најдеме начин на секои шест месеци барем еднаш да ги посетуваме националните парламенти и влади на оние земји-членки на ЕУ кои ќе претседаваат со ЕУ. Ако сега Шведска претседава, треба да одиме во Стокхолм и да ги претставиме туристичките потенцијали“, потенцира  Петрески.

И голем број европарламентарци го посетија саемот во Брисел. Дел од нив ги искажаа своите ставови во насока на тоа како Македонија да биде поконкурентна на туристичкиот пазар.
„Македонија мора да оди чекор понапред со партнерите од регионот, да се продаваат аранжмани, да му се покаже на светот која е Македонија, особено историската страна. Ги знаеме проблемите со Грција, но историскиот туризам мора да се усовршува“, истакна Брајан Кост-европарламентарец од Англија.

Градоначалникот Петрески со грчките туристички претставници договори заеднички проект насловен како „Заедно низ мостовите на културата и разбирањето“ кој ќе треба да почне да се реализира од јануари иднава година. Со  претставниците на Стопанската комора на Словенија беше договорено да помогнат во отворање на канцеларија за економска и туристичка промоција на Охрид во Брисел.

{loadposition content9}