Skip to main content

Алкохолот и лек и отров

Загрижува податокот што во нашата земја неодамна МВР заплени поголемо количество фалсификуван алкохол, а Охрид имун од тоа.

 |  Николоска Биљана  | 
alkohol
алкохол
Загрижува податокот што во нашата земја неодамна МВР заплени поголемо количество фалсификуван алкохол, а Охрид имун од тоа.

alkoholВнимавајте со алкохолот. Македонскиот народ се труе со фалсификувани алкохолни пијалоци. Мастика, узо, вотка, коњак и друго се најфалсификуваните производи на македонскиот пазар. Тие најчесто завршуваат на места каде што најтешко може да се препознае фалсификат од оргинал. Ги има во дискотеките и во кафулињата каде најчесто се мешаат со мраз и безалкохолен пијалак, па дури и најупатените конзументи тешко можат да ги препознаат. За можност од ваква појава во Охрид, надлежните немаат никаква информација.
Со цел јавноста да се информира за исправноста на алкохолот, најнапред се јавивме во пазарниот инспекторат. Од таму велат дека тие контролираат алкохол после 7 часот и обрнуваат внимание на контролната маркица. Ни кажаа да се обратиме до УЈП. Таму пак велат дека тие делуваат исклучиво доколку имаат налог и дека надлежен е пазарниот инспекторат.

Во Охрид по се изгледа нема забрана за фалсификуваниот алкохол. Можеби го има, а може и не. Но, за тоа по се изгледа никој не води грижа. Тропнавме на вратите од надлежните инспектори, од каде наидовме на чиста негрижа за оваа појава од нивна страна, а од дирекцијата за храна, охридските инспектори, според законот за информирање, само  на новинарите не смееле да даваат информации.
Сопствениците на хотелите слушнале но веруваат во документите кои ги земаат од добавувачите. Мартина Спировска вели дека има слушнато но нема начекано фалсификат алкохол.

Експертите пак предупредуваат дека алкохолот може да биде лек но и отров. Доцент. Др. Ангела Василевска вели дека секој алкохол над 40% предизвикува труење а посебно кога се работи за фалсификат.

Како што е познато во јавноста неодамна МВР ги објави резултатите од големата полициска акција „Аператив“, спроведена во повеќе градови каде  беше откриена осумчлена криминална група што  произведувала фалсификати на алкохолни пијалоци, кои биле подметнати на потрошувачите во дискотеките, кафеаните и продавниците. Во истата  биле запленети стотици литри алкохол и празна амбалажа од 678 шишиња од најразлични  видови алкохол, како и 5 полни и 13 празни туби и 56 пластични празни шишиња. Останува отворено прашањето колку од нив завршиле во Охрид. Произведителите во Македонија во последно време се жалат на 59% намалена потрошувачка на алкохолот „Мастика“ и „Бадел“.