Skip to main content

Нема гастрономија без пракса

Покрај теоријата  професорите на ФТОН работат на проект, кој директно влијае да се постигне комлетна едукација на студенти кои можат да одговорат на потребите во угостителството.

 |  Николоска Биљана  | 
kelneri
келнери
Покрај теоријата  професорите на ФТОН работат на проект, кој директно влијае да се постигне комлетна едукација на студенти кои можат да одговорат на потребите во угостителството.

tablaСе почнува и завршува со храна. Гастрономијата и нејзините приоритети од неодамна на ФТОН се применуваат и во пракса. Студентите рамо до рамо заедно со професорите 2 пати неделно спремаат рецепти од кулинарството. Рецептите на баба не се забораваат толку лесно вели Проф. Др. Гордана Речкоска доктор по техничко технолошки работи. Таа додаде дека вистинска умешност е да се пренесат трајните вредности, преку заеднички ентузијазам на еден цел експертски тим од факултетот.

Познавањето на храната и нејзиното приготвување не само во теоретскиот туку и во практичниот дел е карактеристика во гастрономијата, вели Доц. Пр, Ангела Василеска. Основната цел е студентите комплетно да се едуцираат и слободно да можат да пристапат кон одговорностите во угостителството, што за жал тоа во Охрид недостасува потенцираше Василеска

Студентите, задоволни од практичната примена на гастрономијата во текот на нивните студии. Климент Гугоски  рече дека професорите максимално и несебично се ангажираат да успеат во нивната цел.

Практичната примена на гастономијата се применува и на дисперзираните студии во Велес. Секако ваквите ангажмани на студентите влегуваат во крајниот резултат, поточно во индексот на секој студент.

{loadposition content9}