Skip to main content

СОНК бара решенија

СОНК по којзнае кој пат бара на сите кои го исполнуваат условот да им се врачат решенија за работа на неодредено време.

 |  Татјана Маленкова  | 
uciliste
училиште
СОНК по којзнае кој пат бара на сите кои го исполнуваат условот да им се врачат решенија за работа на неодредено време.

gimnazijaМалкумината кои добија трансформација  на решенијата не се по заслуга на СОНК, туку бидејки тоа е законска обврска, обвинуваат од локалната самоуправа.

Многу охриѓани се со нерешен работен статус. Вработени се на определено работно време. Малкумината кои добија трансформација  на решенијата не се по заслуга на СОНК, туку бидејки тоа е законска обврска, вели раководителот на секторот за образование при локлната самоуправа.

Ова што во моментов го прави СОНК е чиста фарса, обвинува Вељаноски и додава:„Доаѓаат и кажуваат дека со министерот за образование постигнале договор решенијата да се трансформираат од определено на неопределено работно време. Такво нешто ние во Охрид не видовме вели раководителот на секторот за образование.

Инаку неодамна  Регионалниот одбор на СОНК – Охрид побара Работодавачите, односно, директорите  на охридските училишта и другите надлежни установи да им врачат решенија за работа на неодредено време на сите кои го исполнуваат тој услов. СОНК ги предупреди надлежните во случајот, дека согласно Законот,следуваат високи парични казни како за училиштето/установата, така и за раководното лице/директорот, доколку не се регулира работниот однос на вработените со договор на дело со стаж поголем од 5 години.
СОНК  најави дека до Нова Година, ќе побара од Владата  и  Министерството за образование, да се регулира работниот однос на вработените на сигурни испразнети работни места, за да се избегнат притисоците кои, како што велат од синдикатот, се случуваат пред секои нови избори.

{loadposition content9}