Skip to main content

Состанок на СВР за петарди

Советодавната група на граѓани од Охрид одржаа работен состанок.

 |  Татјана Маленкова  | 
logo
лого
Советодавната група на граѓани од Охрид одржаа работен состанок.

Се дискутираша за превенијата од присуството на пиротехнички средства  пред и за време на престојните празниците.  

Намалувањето на употребата на пиротехнички средства тема на состанокот на Советодавната група на граѓани од Охрид.„ Целта на денешната средба е да направиме осврт на она што во моментов  е актуелно од безбедносен план. Секако акцентот го ставаме на приоритетното или присуството на пиротехнички средства во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, рече портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски.

Преку медумите сакаме да апелираме до родителите да не купуваат пиротехнички средства затоа што сметаме дека тие се најодговорни за тоа како се однесуваат нивните деца, вели самостојниот инспектор во одделениото за превенција, Живорад Савиќ.

Зоран Тилев претствник од советот на родители на ОУ Св Климнет Охридски, смета дека родителите имаа голема вина за однесувањето на децата.

На Македонскиот народ, радикалните мерки му се надобар показател за да ги научат грешките. Тоа како  така го прифатија и присутните на денешниот состанок.

Од центарот за социјални грижи решението на проблемот со пиротехнички средства го гледаат во повеќе акции на СВР за откривање на каналите за продажба на пиротехнички средства. Нивниот претставник Илија Муштакоски рече,помала понуда – помала потрошувачка.

„Секоја работа можеме да ја завршиме добро само ако работиме како тим“, рече директораката на ОУ Св Климнет Охридски, Славича Илиќ.

Петардите и сите останати пиротехнички средстав покрај тоа што можат да предизвикаат повреда, тие се и еден од главните причинители за настанување на пожари, предупреди командирот на против пожарната служба, Спасе Прентоски.

Иману на денешниот 13 тиот состанок на Советодавната група на граѓани од Охрид кој беше инициран од страна на СВР присуствуваа претставници од образовните институции, педагошко психолошките служби, црвениот крст, невладиниот сектор  и медиумите.

{loadposition content9}