Skip to main content

Ќе се поплни ли дупката во општинската каса

На повидок решавање на долгогодишната финансика задолженост во која се наоѓа Општина Охрид.

logo
лого
На повидок решавање на долгогодишната финансика задолженост во која се наоѓа Општина Охрид.

Станува збор за две иницијативи НА ВЛАДАТА НА рм, СО КОИ СЕ ПРЕДЛАГААТ измени во законската регулативам кои доколку поминат во парламент, ќе бидат добредојдени за Охрид

ТВМ од свои извори дознава дека е на повидок решавање на дупката во опшинската каса. Оваа можност се нуди преку иницијативата на Владата на РМ, со која се бара измена на законот за финансирање на општините, која дефинитивно помина на денешната владина седница. Со измената во законот, се предвидува покачување на делот од ДДВ-то во процесот на финасирање на опшините, кој се зголемува за 1,5%. Од досегашните 2 милиони денари, месечниот прилив во општинската каса по основ на ДДВ ќе биде 3 милиони денари.

„Измените во законот за финансирање на општините што го предлага владата на РМ. По однос на ова завземањето од данокот за додадена вредност на општините од досегашните 3% се покачува на 4,5%. Ова претсатвува значаен момент од аспект на приходната стапка на буџетите на општините, што Охрид би можело и би требало ефективно де го искористи“, изјави Дејан Паноски.

Доколку во наредната година се реализира и втората иницијативата на ВМРО ДПМНЕ за одобрување, односно донесување на закон со кој што ќе можат општините да се задолжат да имаат кредитни средства, Општина Охрид ќе има можност да дојде до кредитни средства и да го анулира стариот и новонастанатитот долг. Досега вакво законско решение не беше предвидено за опѓштините и ова е една од позначајните промени во законската регучлатива.

„Вториот квалитетен момент кој што треба да го искористи Охрид е иницијативата која што ја има ВМРО ДПМНЕ за одобрување, односно донесување на закон со кој што ќе можат општините да се задолжат да имаат кредитни средства. По однос на тоа задолжување да ги размират сите наследени и новонастанати долгови. Охрид го има тој проблем и задолжително треба да ја искористи оваа иницијатива. Сметам дека единствено така градот ќе го надмине овој проблем во функционирањето“, додаде Паноски.

Општинските долгови беа разгледувани и на денешната седница на Комисијата за буџетот на Општина Охрид. Се разгледуваа сегментите кои што се заначајни во фискалната стратегија и треба да донесат промени во наредната година. Исто така беа разгледани сегментите кои треба да покажат каква е фискалната политика на општината. Проекција на буџетот за 2010 не носи некои големи промени, освен во управувањето со градежно земјиште. Инаку само за информација приходот во буџетот во 2009 та година изнесуваше 570 милиони и 509 илјади денари, додека расходот 558 милиони и 401 илјада денари. За 2010 година пак е најавен приход од 592 милиони и 267 илјади денари и расход од 592 милиони и 401 илјади денари. На денешната комисија за буџетот, советниците ги разгледаа сегментите за средствата во буџетот, што  покажа и ребалансот за 2009 дека некои програми воопшто не се остварени. Токму поради тоа кога ќе се носи завршната сметка, во првиот квартал на 2010 година тогаш ќе бидат отварани прашања точка по точка за наменското користење парите за 2010 година.

{loadposition content9}