Skip to main content

16 проекти од областа на турзимот

Општината преку секторот за ЛЕР ќе ги помага невладините организации, здруженијата и месните заедници.

logo
лого
Општината преку секторот за ЛЕР ќе ги помага невладините организации, здруженијата и месните аедници.

За таа цел ќе бидат финансирани 16 проекти од областа на туризам и одржлив економски развој. Средствата одвоени за финансирање на овие проекти и не се големи, меѓутоа се доволен поттик, се согласија присутните.

Изготвување на дивиди  изданија за подводниот живот во Охридското езеро и Охридкото сакрално богаство, Веб презентација на локалната охридска кујна, Брендирање на Плаќенското јагне на ражен, Фото публикација за Охрид и Културна промоција на Охридкиот хорски фестивал, се дел од 16-те проекти кои, добија по две илјади евра од Програмата за подршка на локалниот економски развој и туризам од Охридскиот регион. Оваа програма се спроведува за прв пат, оваа година, а за нејзина реализација, Општина Охрид планира да потроши околу два милиони денари. 

„Денешната средба го означи епилогот на претходно објавениот јавен повик, односно кои проекти ќе бидат финансирани, и со колкава сума“, рече денес градоначалникот Петрески.

Она што навистина треба да се потенцира во сиот овој процес, претставува неговата транспарентност.

„Во фазата на подготовка на проектите имавме голем број на обуки и работилници со носителите на проектите и нивните изготвувачи“, вели Горан Мицкоски, претставни од секторот на ЛЕР.

„Со самото изготвување на проектните активности, целта ни беше активно вклучување на граѓаните во процесот на подготовка на програмите, се со цел да се избегне субјективноста на администрацијата во подготовките на програмите. На овој начин овозможуваме работите да го добијат вистинскиот тек“, истакна Гоце Симоноски, раководител на ЛЕР-от.

По сето искажано едноставно се добива заклучок дека сите инволвирани страни во процесот се презадоволни со бројот на добиени проекти. Нивниот заеднички став е дека граѓаните ја сватија можноста за транспарентно вклучување во процесот на развој на туризмот во Охрид.