Skip to main content

Меморандум за соработка

Охрид ќе биде една од првите општини во која ќе биде спроведен акциониот план за потребите и унапредување на животот на лицата со попреченост.

memorandum
меморандум
Охрид ќе биде една од првите општини во која ќе биде спроведен акциониот план за потребите и унапредување на животот на лицата со попреченост.

memorandumРепубличкиот центар за лица со интелектуална попреченост во соработка со Handikap internacional,
а поддржано од амбасадата на Америка, креира локални акциони планови за потребите на лицата со попреченост. Во оваа програма се опфатени три пилот општини и Општина Охрид е една од нив во која ќе тече процесот. Во таа насока денес беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу локалната и Републичкиот центар за лица со интелектуална попреченост  “Порака” и “Хендикеп интернационал-Југоисточна Европа”. „Всушност денеска е прв состанок на работната група и потпишување на меморандум за соработка, со што започнува овој процес кој ќе тече во текот на 2010 година. Предвидени се три дводневни обуки за членовите на работната група која што денеска ќе биде креирана. Ќе бидат организирани работилници на кои што членовите на групите кои се од Охрид“, појаснува  Д-р Василка Димоска, програм менаџер за проектот.

„Нашата соработка која досега се одвиваше добро, се надеваме дека во иднина со потпишувањето на овој Меморандум за соработка, ќе значи подобри услови за лицата со посебни потреби“, истакна градоначалникот Александар Петрески.

Потребите проблемите и приоритетите на лицата со попреченост во Општина Охрид, е главната движечка сила за формирање на овој акционен план. Покрај Охрид во овој процес се вклучени и Куманово и Виница. Понатаму, во текот на процесот следи еден стратешки документ кој ќе биде промовиран на крајот на процесот, и ќе биде промовиран пред членовите на собранието на Општина Охрид. Процесот завршува со промовирање на трите локални акциони планови на републичко ниво.

{loadposition content9}