Skip to main content

Здружението „Охрид 5 ти септември“ доби меѓународна награда

Идната година во Охрид ќе отпочне изградба на спомен парк во чест на 15-те загинати бугарски туристи во бродската несреќа.

 |  Татјана Маленкова  | 
nagrada
награда
Идната година во Охрид ќе отпочне изградба на спомен парк во чест на 15-те загинати бугарски туристи во бродската несреќа.

За својата досегашна работа здружението ја доби првата меѓународна награда. Ротари клибот од Пирдоп ги им додели Иницијатива на годината за 2009 год.

здружениеЗдружението „Охрид 5 ти септември“за својата мисија ја доби првата меѓународна награда.  Со ова на некој начин е крунисана работата на здружението и целта за која беше тоа формирано, вели претседателот на „Охрид 5 ти септември“.   
На покана од Ротари клубот од Пирдоп, од 17 до 19 декември во Бугарија отпатуваа три члена делегација од здружението, а од таму се вратија со награда која гласи „Иницијатива на годината за 2009 год“.

Несреќата која се случи во Орид не поврза уште повеќе, вели секретарот на Ротари клубот од Охрид, Владо Павловски.  „Непосредно по несреќата претседателот на Ротари клубот од Пирдоп  Ѓеоѓи Ѓергиев  оствари контати со нас“, објасна тој.  

По нивното враќање на таа средба во Бугарија му се даде голем публицитет. Благорение на Ротари клубот, на Бугарскиот народ му беше објаснета добрата намера на Охрид и Македонија, додаде Павловски.
„Ние не запираме тука. Наша цел е за скоро време да  ги реализираме сите наши зацртани проекти, вели претседателот на здружението Сашо Алче.

Инаку Судот во Охрид по новогодишните и божиќните празници се очекува конечно да го добие првичниот наод, кој треба да ја открие причината поради која потона бродот „Илинден“. Првичните информации од испитувањето за несреќата беа дека таа настанала поради пукање на сајлата на кормилото, но подоцна се шпекулираше и со неколку други причини меѓу кои и надоградбата на бродот и неговата преоптовареност. Одговорноста падна на 23. годишниот капетан Сотир Филески кому му беше изречена мерка притвор, а подоцна од истражните органи беше пуштен во домашен притвор.

{loadposition content9}