Skip to main content

Многу Охридски куќи поплавени

Причина за ова е излевањето на реките Коселска и Грашница од своите корита, во населбите Воска, Лескајца и Далјан.

 |  Татјана Маленкова  | 
sahta
шахта

Причина за ова е излевањето на реките Коселска и Грашница од своите корита, во населбите Воска, Лескајца и Далјан.

poplavaОд локалната самоуправа решение на проблемот гледаат исклучиво во пренасочување на реката Даљан во Сатеска.Населбите Воска, Лескајца и Далјан под вода. Сопствениците на куќите од овој дел на Охрид  деловни простории, подрумите, неможеа да ги испразнат од надојденета вода и покрај тоа што цела ноќ црпеле од водата.  Под вода се и земјоделски површини во Орман и Лакочереј.

Голем број граѓани од наслебата Воска денеска ги напуштија своите домови. Водата покрај подрумските простории им ги поплави и приземјата, при што е передизвикана поголема материјална штета. Точната висина на штетите ќе ја утврдува посебна комисија која како што дознаваме треба да излезе на терен.

По надоаѓањето на Скребатска и Коселска река кај Алтанин мост дојде до прелевање и наместо во Далјан таа вода премина во реката Грашница и тука настана проблемот, затоа што каналите изградени во градот не можеа да ја прифатат надојдената вода, ни изјави Емин Селман од Фондот за комунален развој – Охрид.

Екипи на Центарот за управување со кризи од Охрид се на терен со цел да извршат проценка на обемот на поплавите, додека на најкритичните точки долж реките во Охрид се испратени екипи со механизација кои интервенираат со отварање пропусти за истек на надојдената вода.

Излевање на водите од Коселска Река има и во атарот на селото Косел, каде под вода се обработливи површини, посеви, овоштарници, како и поплавени земјоделски пластеници и површини под житни култури во селото Орман.Поплавени површини има и долж течението на Велмешка Река која е притока на реката Сатеска. Најкритична е ситуацијата кај селото Долно Средорече во атарот на општина Дебрца, каде на неколку места е забележано излевање на надојдените води од речното корито.
Охриѓани велат дека вакви поплави не паметат од 1962 година кога исто така се излеале реките и каналите во градот и неговата околина.

{loadposition content9}