Skip to main content

Животот на Власите на Балканот на почетокот на 20 век прикажан преку фотографии

Во галеријата „Вангел Коџоман“ во Струга отворена поставка на фотографии со наслов „Животот на Власите во 1900 година“.

 |  Валентина Неловска  | 

Со изложбата се прикажани разни региони на Балканот кој го прикажуваат животот на Власите, нивната  носија, социјално- економската  положба и улога на почетокот од 20 век истакнува претседателот на влашкото здружение „Луњина“ од Охрид, Драган Коровеш. „Сметаме дека Власите како автохтоно население преставуваат мост на Балканот кои ќе придонесат за негово поврзување.Тие преставуваат врзно ткиво кое Балканот ќе го поврзат на регинално ниво, па и Европа.

Изложбата на фотографии е под покровителство на општина Струга, а на отварањето беше присутен и струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. „Од изложбат се гледа дека сите Балкански народи имале слични обичаи, носии и многу близок или заеднички соживот со сите етникуми и народи кои живета тука, а и денес е така во мултиетничка Струга кажа струшкиот градоначаланик. Соживотот  е на најголемо ниво и во иднина ќе се погрижиме да е што подобар“, порача Мерко.  
Грчата фондација Игнација Епирус е покровител на изложбата  на фотографии која започнала пред два месеци во Битола. На свеченото отварање беше присутен и грчкиот конзул од Битола, Маркос Триполитакис. Тој  истакна дека изложбата може многу да покаже посебно на младите.
Изложбата во Струга ќе биде отворена за посетителите 10 дена, а потоа ќе биде поставена во Скопје. Во рамките на изложбата беше промовирана и книгата на влашки песни од крушевчанецот Христо Мулар.