Skip to main content

Плоштадот ќе добие нов лик

Од локалната самоуправа најавуваат враќање на стариот камен на делот кај споменикот на Св Климент. До плоштадот ќе се ќе се стигнува амфитеатрално. Овој зафат ќе почека подобри времиња, вели градоначалникот.

 |  Татјана Маленкова  | 

Ќе се видоизменува плоштадот кај споменикот на Св. Климент Охридски. Градоначалникот Александар Петрески најавува дека на овој дел ќе се врати стариот камен, автентичен за охридската чаршија и приодот до плоштадот ќе биде амфитеатрален, вели градоначалникот Александар Петрески.
Градоначалникот вели дека на овој плоштад ќе се врати и старата коцка. Дел од каменот кој што беше препознатлив за Охрид во моментов е депониран во ЈП Комуналец и чека добри времиња, повторно да биде поставен.


Откако беше извадена автентичната коцка специфична за охридската чаршија  просторот беше  поплочен со еден вид гранитни плочи.По неколку години од нивното поставување се покажаа оправдани предупредувањата на охридски архитекти дека новиот матреријал не само што не е автентичен,туку е и тежок за одржување.
Инаку дознаваме дека Локалната власт не се откажува од намерата да изгради подземен премин  кај градскиот плоштад,токму на местото каде што сега има паркинг простор.Овој премин би започнувал од кај некогашната дирекција на Охридско лето и би завршувал кај Табана.На тој начин би се овозможила поефикасна сообраќајна врска на  жителите на стариот дел на градот,особено на лето.Ова го потврди и градоначалникот на Охрид Александар Петрески. Тој не прецизираше кога  би се градел овој премин,но потврди дека локалната не се откажала од овој проект, само чека подобри времиња за негова реализација.