Skip to main content

Фестивал на плашица

Охрид ќе добие фестивал на плашица во рамките на третиот македонски саем за туризам.

 |  Валентина Нелоска  | 
pres konferencija
прес конференција

Охрид ќе добие фестивал на плашица во рамките на третиот македонски саем за туризам.

kanal StudencishtaРиболовните клубови „Св.Апостол Петар“ и „Рибарска Вистина“ организираат меѓународен натпревар во спортски риболов на плашица. Покрај натпреварот, претседателот на спортското риболовно друштво „Св.Апостол Петар“, Радован Димитриески, ја објасни и нивната друга намера-поголема промоција на Охридските можности за риболовниот туризам пред странските туроператори.
Манифестацијата „Фестивал на плашицата“ е помогната од Агенцијата за развој и поддршка на туризмот. Од таму планираат Македонија и Охрид да станат привлечна дестинација за риболовците од светот, но и да  ја продолжат туристичката сезона.
Риболовниот туризам се вбројува во елитните туристички понуди, па охридските спортски   риболовци очекуваат поголема поддршка на оваа манифестација од страна на локалната самоуправа и федерацијата на спортски риболовци за настанот да стане не само традиција туку и зголемување на туристичката понуда за спортскиот риболов.
Натпреварот во спортски риболов  на плашица, во дисциплината лов со јадица на пливка, ќе се одржи во каналот Студенчишта.  Пред хотелот “Парк”, пак, каде што ќе се одржува саемот за туризам, ќе се организира натпреварот во правење рибја чорба. Дегустацијата на чорбите и специјалитетите од плашица ќе бидат дел од програмата на саемот за туризам. Специјалитетите од плашица ќе бидат  оценувани и нагардувани од стручно жири.  

{loadposition content9}