Skip to main content

„Св. Апостол Павле” е името на Универзитетот за информатички науки и технологии

Ректорот на овој универзитет тврди дека токму под закрила на овој светец ќе ги жнеат успесите во иднина.

 |  Голабовски Крсте  | 
Blagoja Samakoski
Благоја Самакоски

Ректорот на овој универзитет тврди дека токму под закрила на овој светец ќе ги жнеат успесите во иднина.

Univerzitet Sv.PavleНа седницата на Собранието на Република Македонија од 12.01 изгласана е одлуката за именување на новиот универзитет во Охрид, како „Универзитет за информатички науки и технологии – Свети Апостол Павле”. „Станува збор за континуитет на поврзување на Охрид со настаните од Христијанството и историјата на Македонија“, рече ректорот Благоја Самакоски објаснувајќи од каде дојде идејата за името на универзитетот. Интересен е податокот дека Апостол Павле, при неговото доаѓање во Европа прво ја посетил териотријата на денешна Македонија, а најдолг период се задржал токму во Охрид.

Охрид добива уште еден важен Универзитет и уште една препознатливост која ќе помогне во подигањето на квалитетот во образованието, онака како што му доликува на еден културен и образовен центар, рече ректорот. На крајот на првиот семестар во оваа образовна установа, во која квалитетот сепак ја победи скепсата, па така и странските професори ја оправдаа синтагмата  дека „наставниот кадар е во фукнција на студентите“ позитивните резултати воопшто не се изнанадување, подвлече Самакоски. Универзитетската зграда  која требаше првично да се отовори на 15-ти овој месец, поради доцнење на опремата за амфитеатарот се очекува наскоро да биде пуштена во употреба.

Првите успеси на меѓународен план се веќе тука. Влезот во полуфиналето на меѓународниот натпревар во Пуља – Италија, учеството во четирите меѓународни проекти од кои три се иницирани од страна на нашиот универзитет се само дел од досегашните достигнувања.За напоменување е и соработката со „Intel“ на ниво на обавување на професионална практика од страна на нашите студенти во неговото седиште или некоја од неговите филијали низ Европа и посета и изведување на настава на гости предавачи во нашиот универзитет. Исто така во тек се интензивните подоготовки за проектирање на зградата на кампусот и комплетирање на целосната слика на оваа нова и квалитетна виоско-образовна установа.

{loadposition content9}