Skip to main content

Трет Меѓународен саем за туризам

Доста срамежливо и без многу помпа од утре во Охрид во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија  и соработка со Туристичките комори на Македонија и Хотелските асоцијации ќе започне третиот Меѓународен саем за туризам.

 |  Голабовски Крсте  | 
hotel
хотел

Доста срамежливо и без многу помпа од утре во Охрид во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија  и соработка со Туристичките комори на Македонија и Хотелските асоцијации ќе започне третиот Меѓународен саем за туризам.

На него потврдено е присуството на учесници изложувачи од Македонија како на пример туристичките места и градови, Крушево, Берово, Охрид, Струга, Маврово и други. Исто така најавено е присуство на туристички комори, хотелски асоцијации и национални паркови од земјава.Саемот ќе биде добра можност за презентирање на македонската туристичка понуда пред странските туроператори, а воедно и можност да се организираат и непосредни средби меѓу домашните и странските туроператори. Најавено е присуството на туроператори од Турција, Бугарија, Албанија,Србија, Израел, Италија, Унгарија и други.Во рамки на Саемот ќе се организира и Форум за туризам на тема „Македонскиот туристички производ во Светската туристичка понуда“.Покрај туристичките можности, на Саемот ќе бидат промовирани и производителите на македонското вино, а ќе се одржат и натпревари во гастрономија.На 19 јануари странските туроператори ќе присуствуваат на манифестацијата Водици.

{loadposition content9}