Skip to main content

Започна фестивалот за плашицита

Тој се одржува денеска и утре и е во рамки на саемот за туризам. Денеска кај каналот Студенчишта се одржа првиот дел од фестивалот – натпревар по риболов, а утре ќе се подготвуваат рибни чорби.

 |  Татјана Маленкова  | 
plasici
плашици
Тој се одржува денеска и утре и е во рамки на саемот за туризам. Денеска кај каналот Студенчишта се одржа првиот дел од фестивалот – натпревар по риболов, а утре ќе се подготвуваат рибни чорби.

ribariДенеска на каналот Студенчишта се ловеше плашица. Оваа риба утре ќе се најде на бројни трпези  припремени од Охридските хотели, а ќе има и дегустатори кои ќе го одберат најфкусното од припременото. Ова е првата фаза од фестивалот за плашица. Вториот дел од истиот е утре кога ќе се палат огнови и натпреварувачите ќе подготвуваат рибни чорби. Од организацијата на фестивалот видно задоволни од одзивот за првиот фестивал на плашицата.

„Има 5 екипи од по 4 натпреварувачи. Екипите се од Пловдив, Велес, Битола, Охридска екипа и екипа на Охридски уметници, вели Радован Димитриески – СРД Св. Апостол Петар.

Гостите од Бугарија идејата на организаторот и условите кои тој им ги понудил. Велат дека со задоволство прифатиле да учествуваат на фестивалот во двата дела. И во ловење риба но и во утрешното припремање на рибни чорби.  

„ Досега сме учествувале само во Бугарија на вакви турнири. Ова ни е прво учество на фестивал надвор од нашата земја. Учествуваме со тројца натпреварувачи. Се надеваме на добар пласман, на средина, а ако сме уште погоре би било подобро.
Имам рецепта за рибна чорба. Утре ќе купам свежи намирници и се надевам дека ќе ја направам најдобрата чорба, па ќе ја пробаме заедно…, вели Тодор Спасков – претседател на риболовен клуб БУЛИТ , Пловдив Бугарија.

Фестивалот на плашицата продолжува утре пред хотелот Парк во 12,00 часот.  Организаторот вели дека учесниците ќе подготвуваат рибни чорби, а задачата за жири комисија ќе биде да ја награди највкусната од нив.
Инаку вториот дел од фестивалот на Плашица фест планирано е да се одржи во месец ноември, на каналот Студенчишта. Се надеваме дека со овој фестивал ќе влеземе во туристичката понуда на Охрид и Македонија, вели оснивачот на фестивалот Димитриески.

{loadposition content9}