Skip to main content

Спас за Проаква


Само нов кредит може да го извлече претпријатието.

 |  Тања Маленкова  | 
Proakva
Проаква

ProakvaВМРО ДПМНЕ обвинува но првиот човек на Проаква ,Трпчевски ,смета дека не треба на се да му се дава политичка конотација.

Ново кредитно задолжување не доаѓа во предвид, се побунаа денес советниците од ВМРО ДПМНЕ.  Оваа изјава ги разниша и онака тенките односи на тема Проаква и нејзината актуелна состојба.
„Со одлуката што ја донесе советот се продлабочува неефикасното работење на ЈП Проаква затоа што со одлуката за кредитно задолжување дел од средставта се насочени кон покривање на тековните потреби на јавното претпријатие а со тоа се продлабочи неефиксното работење на јавното претпријатие “- обвинува советничката од ВМРО ДПМНЕ ,Јованка Дамовска.

Категотречен е директорот на МЈП, Проаква, Бранислав Трпчевски кој кажа дека ова барање веќе е поминато на управен одбор. Станува збор за рамковен кредит во висина од 15 милиони денари , од кои 7 се за подмирување на кредит кој ја кочи работата поради високата камата што ја дава претпријатието за таа намена.

Доста се расправии за се она што се прави во интерес на јавноста, а тоа е работата на нашето претпријатие. Политиката во овој случај не е потребна, нагласи Трпчевски.
Инаку оваа точка мнозинството ја изгласа.




{loadposition content9}