Skip to main content

Нуркачи ќе ловат мини

Започна акцијата за отстранување на минскоексплозивни средства од Охридското езеро.

 |  Тања Маленкова  | 
Nurkaci
Нуркачи


NurkaciДенеска се обележуваа местата а од утре специјално обучени екипи ќе ги отстрануваат неексплодираните средства. Донатор на акцијата со која езерото комплетно ќе се исчити од минскоексплозивни средства е американската влада, преку Министрството за надворешни работи.

Неескплодираните мини, бомби, гранати од најразличен калибар, како и експозивните средства конечно ќе се извадат од Охридското езеро. Опасните материи се наоѓаат на  оддалеченост од 50 до 100 метри од брегот, на длабочина од 4 до 5 метри. Денеска специјално обучени нуркачки екипи ги обележаа 4-те локации каде има сконцентрирано поголема количина од нив.
Во операцијата за чистење на Охридското Езеро логистички се вклучени и МВР, Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ, Министерството за животна средина и просторно планирање, Локалната самоуправа на Охрид и Охридската Капетанија.
Активностите кои започна денеска се продолжение на проектот кој започна во 2007 год, при што беше извршено снимање на езерото од страна на екипи на АЈ ТИ ЕФ.  Податоците покажуваат дека во езерото на повеќе локации има неексподирани минско експолозивни средства кои во таму се нашле по разни основи од првата и втората светска војна. Акцијата која започна денес ќе трае 30 дена, а ако при спроведување на истата се откријат и нови локации таа ќе биде продолжена. Најавено е дека со овој зафат ќе бидат извадени неексполодираните мини и од Струшкиот дел на езерото.
Чистењето на езерото од минско-експолозивни средства се реализира со помош на Меѓународниот заштитен фонд за деминирање и помош на жртви од мини, а донатор се САД кои за таа намена издвоија 160 илјади евра, од кои еден дел се за покривање на оперативните трошоци а останатиот за опремата која ќе ја користат тимовите.
Дознаваме дека за акцијата набавена е најсофистицирана опрема за подводни активности што за првпат се користи во Република Македонија.
Инаку официјалните податоци со кои располага општина Охрид се дека пред 50-тина години овие неексполодирани минскоексплозивни средства одзеле и многу животи во нашава општина. Имено статистиката говори дека  настрадале 89 лица од кои 12 загинале,34 биле тешко повредени а 43 поминале со полесни повреди.

{loadposition content9}